Тие се нашите најдобри пријатели: Болката од загуба на куче е идентична со губење на член од фамилијата

ИЗВОРСкопје24
|

Кучињата ни помагаат да поднесеме многу животни падови, тие секогаш се присутни, а понекогаш тие се и единствените што ги имаме. Едноставно, тие ни даваат причина да се разбудиме наутро! Многу истражувања потврдуваат дека кучињата можат да ја подобрат целокупната благосостојба на нивниот сопственик, а особено менталното здравје.

Но, што останува кога таа „причина“ ќе не напушти?

Врската која се воспоставува меѓу кучето и човекот е чиста и искрена.

И еден аспект од таа врска е таканаречениот „безбеден основен ефект“. Ова е донекаде слично на односот кој децата го имаат со своите родители. Родителите се безбедниот простор, пружаат утеха, љубов и доверба. Едно истражување покажало дека кучињата имаат тенденција да се однесуваат исто како и децата. А не постои поголема болка од загуба на детето.

Болката е голема бидејќи не е само кучето кое вие го губите. Вие губите и извор на безусловна љубов и поддршка.

Загубата на куче може сериозно да го наруши вашиот живот. Приморани сте да кажете збогум на утринските прошетки, игрите, посетата на паркови и друштвото воопшто. Вашиот живот може да изгледа одеднаш празен и може да биде тешко да се соочите знаејќи дека никогаш нема да го имате тоа со нив, повторно, и токму затоа во овој момент е лесно да се падне во очај и да бидете нерасположени за било што.

Особено ако другите луѓе околу вас постојано ви велат дека „време е да продолжите“ и „тоа е само куче“.

Друга работа што може да ја отежни ситуацијата е фактот дека нема многу работи што можете да ги направите за да се справите со загубата. На пример, кога некое лице ќе не напушти, вообичаено е да одите кај терапевтот или да разговарате со членовите на семејството и пријателите, кои најверојатно ќе ве разберат. Во ред е да се откажете од некои планови или да си дозволите слободни денови за да се справите со тагата.

Но, кога станува збор за загуба или смрт на куче, луѓето очекуваат дека ќе бидете добро и ќе ви помине за кратко време.

Некои луѓе се’ уште мислат дека нивното куче е присутно во домот и доколку слушнат бучава во друга просторија, се случува и да го повикаат кучето за да видат дали тоа ја предизвикало. Некои дури може да ги именуваат членовите на семејството со името на кучето, што всушност покажува колку била длабока врската помеѓу сопственикот и кучето.

Неколку совети за совладување со загубата

Дајте си време

Се’ што чувствувате е реално! Само затоа што некој друг поминал и полошо, не значи дека вашите емоции не се валидни. Дајте си време за плачење, тага, лутина, дури и вознемиреност.

Побарајте поддршка

Можете да разговарате со други луѓе кои поминале низ истото и да споделувате спомени од миленикот. Разговорот секогаш помага!

Не брзајте

Не мора да се ослободите од сите нивни предмети што е можно поскоро доколку не почувствувате дека така треба. Започнете со постепено отстранување на материјалите, а потоа кога ќе почне да станува полесно, можете да ги донирате или да ги исфрлите.