Тие се нејзиното највредно богатство: Водителката Живкица ги покажа своите дечиња (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

На Денот на шегата, Први април, секогаш има највесели фотографии на социјалните мрежи. Родителите објавуваат фотографии од своите маскирани деца, кои преправени во своите омилени јунаци, одат на училиште или во градинка.

Интересни слики од децата, на своите Фејсбук профили објавија водителката и автор на емисијата „Тунел“, Живкица Каленикова, која како и секоја года мајка ги пофали своите деца.

Тие ќе го спасат светот, напиша водителката.
– Ана, Марко и Даријан, се децата на Живкица и на Зоран Каленикови.

„Прекрасно чувство на среќа, радост, три пати повеќе љубов, некогаш заморно, но секогаш забавно. Уште како девојче кога ја игравме онаа играта со цртање коцка за тест за иднината пишував дека сакам 3 деца. И како велат, внимавај што ќе посакаш :)))) Веројатно она што си го посакувате потсвесно се реализира во реалноста и во иднината. Отсекогаш сонував за големо семејство и еве сонот се исполни и навистина сум многу исполнета и среќна“, изјави Живкица во едно интервју пред неколку години.