Тие се сложуваат како куче и мачка: 3 пара хороскопски знаци кои постојано се караат

ИЗВОРНов Лист
|

Според астролозите, ѕвездите значително влијаат на љубовниот живот, а сигурно некогаш сте запознале или познавате пар кој постојано се кара, но секогаш изгледаат симпатично кога се заедно.

Јасно е дека врските не секогаш се лесни и понекогаш се случуваат кавги и расправии, но овие 3 пара хороскопски знаци постојано се караат и прилично често раскинуваат поради тоа.

Лав и Водолија

Додека Лавот сака да биде во центарот на вниманието и повеќе сака да ги привлекува сите погледи кон себе, Водолијата е чиста спротивност. Таа повеќе сака да се грижи за сите останати отколку за себеси. Лавот и Водолијата имаат потполно различни потреби: на Лавовите им треба луксуз, а Водолиите се многу скромни и лесно е да ги задоволите, па затоа помеѓу нив кавгата е едноставно неизбежна.

Овен и Шкорпија

Овенот и Шкорпијата исто така прилично често се караат бидејќи и двајцата се исклучително тврдоглави и не сакаат да попуштаат. Имаат многу јасни гледишта од кои не отстапуваат, па затоа не е ни чудно што често се впуштаат во расправии. Меѓутоа, за нив кавгите се нешто сосема нормално, па дури и луѓето околу нив имаат повеќе проблеми со постојаните нивни препирки отколку тие.

Девица и Риби

Рибите се всушност многу разумни и сензибилни луѓе. Меѓутоа, ако се во врска со Девица, работите стануваат потешки за нив. Имено, Девицата има краен порив за ред, структурата им е многу важна и често таа потреба ја ставаат над сè, а тоа е нешто што на Рибите им е тешко да го разберат. Токму тоа е причината зошто овие хороскопски знаци често се караат, па дури и ја прекинуваат својата врска.