Денеска (31.08) околу 08.10 часот полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ го приведоа С.А. (34) од Арачиново, кој избегал од затворот КПУ „Идризово“, а е осуден на затворска казна од 12 години поради извршено кривично дело убиство.
На автопатот „Пријателство“, по претходно добиени оперативни сознанија, сопрено е возило „форд“, управувано од Б.Р. (47) од Арачиново, кој е исто така осудено лице што издржува казна затвор во КПУ Идризово, но бил ангажиран да работи надвор од затворот. Во возилото како сопатник бил С.А., кој е приведен и ќе биде предаден на КПУ „Идризово“.
Известен е јавен обвинител и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал заради утврдување на други лица инволвирани во бегството на С.А. од затворот.
Видеото погледнете го со клик ОВДЕ.