Тијана Дапчевиќ: „Бев очајна поради своите 15 килограми“ (видео)

|

Тијана Дапчевиќ постојано е на реалцијата Белград – Скопје поради професионални, но и поради приватни обврски.

Македонската пејачка и актерка неодамна истакна дека само пред камери се чувствува живо без разлика дали тоа е како актерка или како пејачка.

„Јас кога сум на сцената јас сум жива, дали тоа е пеење, дали тоа е снимање на серија која се заврши пред два дена во Скопје каде што веќе четврта сезона ја играм главната улога на Германката Ула. Не ми е важно дали сум пред камери како актерка или како пејачка, само да сум на сцена бидејќи само тогаш сум жива“ вели Тијана на почетокот на разговорот за „Face  HD Tv“

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ЈУТУБ

Дапчевиќ во интервјуто проговори и за здравиот начин на исхрана, па откри како успеала да ослабее по породилниот период.

„Соработувам со една комппанија веќе четири години, а се одлучив така што самоиницијатно отидов во компанијата бидејќи бев очајна поради своите 15 килограми. Јас во текот на бременоста се здебелив дури 45 килограми. Никако не можев да се ослободам од тие килограми“ вели Дапчевиќ.

Тијана истакна дека била кај нутрицонисит  и тој ја советувал да започне липосукциска исхрана што е еден здрав начин на живот.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ЈУТУБ

Македонската пејачка истакна дека со овој начин на исхрана успеала да се ослободи од килограмите, но и да ја регулира крвна слика, како и хормоните.

„По еден месец од оваа исхрана заминав да ја проверам крвната слика и ми рекоа дека ми е како на дете од 15 години. Што се однесува до здравјето, не само што ќе ослабнете туку го подобрувате и здравјето“ вели Дапчевиќ.

Инаку, во последно време се повеќе јавни личности практикуваат липосукциски начин на исхрана, а меѓу нив се и Сузана Манчиќ, Ана Бекута, Јелена Карлеуша…