Македонската пејачка Тијана Дапчевиќ е постојано е на адреса Скопје – Белград каде што ги завршува своите професионални, но и приватни активности.
Имено, пред неколку недели, Тијана беше во Скопје каде што се снимаше серијата „Преспав“ во која таа ја има улогата на Германката Ула.
По завршувањето на снимањето, Дапчевиќ се врати во својот топол дом во Белград каде што живее со нејзиниот сопруг и синот Вук.
Досега на социјалните мрежи, Тијана откри само некои детали од нејзиниот дом. Така, неодамна покажа како изгледа опуштено во домашна атмосфера и го покажа дневниот простор.
ФОТО: ИНСТАГРАМ
Рустичниот шмек и позитивниот хаос како и музичките инстрименти се највпечатливите детали во нејзиниот дом.
По повод на новогодишните празници, пејачката повторно откри детали од нејзиниот дом и откри дека кај неа веќе владее новогодишна атмосфера.
Имено, Дапчевиќ покажа како се одмара во зимските денови, а во позадината на фотографијата се гледа накитената елка со разни лампиони и сијалички.
ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ
Но, она што посебно впечаток ќе ви остави е што на новогодишна елка лампионче има и кучето на Тијана, Баџа.
„И мојот Баџа има свој украс“ напиша Дапчевиќ во описот на фотографијата.
ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ
И кај Тијана веќе владее новогодишна еуфорија, а таа со најмилите се подготвува да ги дочека новогодишните празници.