Македонската пејачка со белградска адреса на живеење, Тијана Дапчевиќ е во складен брак со некогашниот кошаркар Милан Дапчевиќ.
Тие неодамна прославија 19 години брак, а во интервју за „Глориа“ таа вели дека секојдневно ја слават љубовта.
„Милан и јас секој ден ја славиме љубовта и бракот, така да во нашиот случак датумот не е важен. Односно, не го прославуваме нешто повеќе спектакуларно од секој ден. Конкретно, на денот на полнолетството на нашиот брак, јас бев во Скопје, а тој во Белград, иако физички не бевме заедно, ни на мене,ни на него не ни беше помалку драго што стигнавме до тој јубилеј“ вели Дапчевиќ.
Тијана Дапчевиќ: Мојот сопруг Милан ми беше суден!
Дека судбината понекогаш навистина си поигрува со луѓето потврдила и познатата пејачка и водителка Тијана Дапчевиќ (40), која за српските медиуми открила дека нејзината мајка уште од пред многу години знаела дека Милан Дапчевиќ ќе биде човекот на нејзиниот живот.
Ова со своите пријатели го споделила токму на денот кога со својот сопруг славела 15 години брак.
– Мојата мајка кога била млада читала книга од авторот Ѓура Јакишќ за Тијана која била вљубена во Милан. Поради таа Тијана таа одлучила дека и јас треба да се викам така. Две училишта, една академија и неколку љубови подоцна, го запознав Милан на место на кое не сум ни сонувала да бидам, на кошаркасрски натпревар, бидејќи спортот не го поднесувам. Оттогаш ние двајца поднесуваме се. И оттогаш сите мои мисли ми почнуваат во множина – открила Тијана на прославата на годишнината.
Двојката неодамна имаше брачна криза кога биле раздвоени месец дена, но Тијана во една прилика изјавила дека љубовта била посилна од кризата.