Менаџерот на Јелена Карлеуша тврди дека поради Цеца паднала гледаноста на „Ѕвездите на Гранд“

ИЗВОРНов Лист
|

Гледачите на популарното музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ беа шокирани по објавата дека Јелена Карлеуша ќе го напушти шоуто, а на нејзиното место ќе дојде Светлана Ражнатовиќ.

Поминаа неколку месеци, а Цеца се вклопи во структурата на жирито  а со тоа се појавија приказни за зголемената гледаност.

Многу коментари и прогнози отидоа во насока дека рејтингот на „Ѕвездите на Гранд“ ќе падне со заминувањето на Карлеуша, но се случи спротивното.

– Цеца и Јеца се како Роналдо и Меси. Карлеуша си замина и се појави Светлана, а таа е некој кој донесе поголема гледаност и тоа во поголем процент. Искрено, се грижевме дали ќе биде така. Што тоа покажува? Ако си мајстор, ако се следиш себе си и она што е твоја крвна група и твој идентитет, народот ти верува. Те сака или не те сака, но ти верува. Секој се менува, но важно е да не бидете досадни, изјави Ѓорѓе Давид.

Не сум суетна, не се плашам дека сум замената на Јелена. Секој е индивидуа за себе. Веќе кажав дека добив понуда во 2015 година, ме спречи договор во друга продукциска куќа – изјави Светлана на почетокот на нејзиниот ангажман во музичкиот натпревар.

– На сите им посакувам среќа. Се најдобро и навистина не сакам повеќе да зборувам за „Ѕвездите на Гранд“. Толку години зборувам за тоа – изјави Јелена.

Сепак, ПР менаџерот на Јелена Карлеуша синоќа одговараше на прашања на следбениците на социјалната мрежа Инстаграм, а едно од прашањата се однесуваше на рејтингот на „Ѕвездите на Гранд“ и тврдењето дека гледаноста се зголемила со доаѓањето на Цеца:

– Она што го видов од извештаите што сите ги добиваме од работа не се совпаѓа со она што се објавува, напротив е далеку, далеку од тоа. Но, тоа дури и не е тема за мене, ниту пак бев искрено заинтересиран да навлегувам во детали. Се најдобро на сите – напиша Зоран Бирташевиќ.