Тимур Дибиров: “Јас сум официјално Македонец, моите деца се Македонци и сум горд на тоа” (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Во последната емисиja “Улица Македонија” на водителката Бојана Скендеровски, гостин и беше ракометната ѕвезда на Вардар, Тимур Дибиров.

Во еден дел од емисијата Дибиров вели дека официјално е Македонец и дека е горд на тоа.

“Јас сум официјално Македонец и имам право на пасош. И моите деца се Македонци, затоа што ќерката е тука родена во Скопје. Јас сум горд на тоа, мене не ми треба пасош само за да играм за репрезентација, јас земам пасош за Македонија да биде моја следна земја. Многу ја сакам Македонија и зошто да не”, вели Дибиров.

Погледнете:

Дибиров на Улица Македонија: Јас сум Македонец, моите деца се Македонци и горди сме на тоа

Дибиров на Улица Македонија: Јас сум Македонец, моите деца се Македонци и горди сме на тоа

Gepostet von Press24.mk am Mittwoch, 23. Januar 2019

Тимур Магомедович Дибиров е руски ракометар, роден 1983 година во Петрозаводск. Игра за руската ракометна репрезентација, а од 2013 година игра за македонскиот ракометниот клуб Вардар. Тој најдобриот ракометар на македонскиот првак Вардар и го продолжи договорот со црвено-црните до 2020 година.