Тинејџери од Македонија возеле малолетни мигранти: Со возило излетале од патот, па нападнат е полицаец – ова се деталите

|

На 29.10.2023 во 20:30 часот на ул.„8 Септември“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес во координација со полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово ги лишиле од слобода А.И.(18) од с.Стар Караорман, штипско и Т.Ј.(18) од Штип затоа што во товарното возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал А.И., а сопатник бил Т.Ј., биле пронајдени 23 лица мигранти од Сирија, од кои 10 малолетници.

Имено, околу 20:05 часот на автопатот А1, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово дале знак за запирање на возилото, но А.И. продолжил со движење и со возилото влегол во Велес и на ул.„8 Септември“ излетал од патот и со возилото паднал во ископ.

Притоа, со повреди се здобил еден малолетник, констатирани во болницата во Велес.

При приведувањето А.И. физички нападнал полициски службеник.

По наредба на јавен обвинител увид на местото извршила екипа од СВР Велес. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.