Неговите родители го запишале на Универитетот во Харвард кога тој имал 11 години. „Моите родители забележаа дека ми е здодевно на училиште и дека ми е потребно нешто што ќе го поттикне мојот интелектуален раст па на крајот како решение го најдоа „Harvard Extension School“ – изјавил Морал.
„Harvard Extension School“ е универзитет за “нетрадиционални ученици“, тука се школуваат ученици кои работат или се со поголема интелектуална способност од своите врсници. Поголем дел од курсевите може да се реализираат онлајн, но учениците од училиштето „Extension“ мора да присуствуваат на вкупно 16 часови во култниот камп во Кембриџ.
„Морал моментално е кандидат за диплома на „Harvard Extension Schoola” – потврдиле од Универзитетот во Харвард.
Морал изјавил дека учењето за средното училиште и Харвард во исто време не било лесно, но имал поддршка од наставниците од средното училиште кои многу му ја олесниле работата кога станувало збор за граѓата и му дозволиле да поминува неколку саати секој ден на Харвардскиот курс.
Бидејќи Морал секогаш го привлекувале правото и политиката се надева дека после средното училиште ќе го запише правниот факултет на Универзитетот во Колумбија.
„Јас секако дека сум возбуден што ова поглавје од мојот живот завршува и желно очекувам за да го започнам следното“ – изјавил Морал.
Неговата постара сестра, 29-годишната Бритни Јо Сегер изјавила за Си-ен-ен дека нејзиниот брат отсекогаш бил талентиран.
„Кога беше мал, неговиот речник беше неверојатен. Тоа што мојата мајка и јас го забележавме многу рано е неговото паметење. Тоа е една од работите која го прави неверојатен. Можеше да изгледа или да прочита било што и секогаш ќе запомнеше сè“ – изјавила Сегер.
Тоа што остави горчлив вкус кај Морал е тоа што на доделувањето на дипломите за средно училиште неговите родители заради болест не можеле да присуствуваат на овој свечен чин.
Неговата мајка само седум дена претходно имала трансплатација на бубрег.
„Ние сме многу блиско семејство па затоа се собравме за да му дадеме поддршка. Ова за него претставува голем настан. Следната недела ќе дипломира на Харвард, тогаш ќе започне ново поглавје во животот и се надевам дека ќе се фокусира на својата голема љубов – политиката“ – изјавила Сегер.
Морал исто така објавил и книга, „Харвард во срцето“ во која зборува за неговото искуство како интелектуално надарено дете од мал земјоделски град во западен Кансас на еден од најпрестижните универзитети.