Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала рано утринава го погоди грчкиот остров Крит, а епицентарот бил во морето.
Епицентарот е на 49 километри југоисточно од Ситиа. Силниот земјотрес бил почувствуван во многу делот од источниот дел на Крит, а бил на длабочина од 10 километри.
Засега нема информации за евентуални штети.
По силниот земјотрес регистрирани се уште два земјотреси, едниот со јачина од 3.8 степени според Рихтеровата скала а другиот со 4.4 степени.