Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала го погоди островот Лефкада во Грција утрово.
Епицентарот на земјотресот бил на 29 километри од Лефкада, односно 119 километри од Петра.
Покрај земјотресот во Грција денес имаше и земјотрес во Босна и Херцеговина. Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала утрово околу 7 часот и 20 минути ја погоди БиХ.
Тој бил почувствуван во Херцеговина, а епицентарот бил на 4 километри од Столац, односно 34 километри од Мостар. Се почувствувал и на југот на Хрватска.
Жителите од Дубровник на веб-страницата на ЕМСЦ пишуваат дека двапати се тресело и дека земјотресот не бил толку силен, но дека ги исплашил.
ЕМСЦ ја потврди оваа информација.