Тоа е љубов: Мартин од „Некст тајм“ направи уште една уникатна тетоважа (фото)

|

Велат дека кога на телото ќе ставиш една тетоважа, тоа по некое непишано правило не застанува со само една, туку желбата за нова тетоважа повторно се појавува. Секако, има исклучоци, но Мартин од „Некст тајм“ не е меѓу нив.

Тој пред неколку месеци на левата рака ја истетовира својата миленичка, кучето Блеки, а сега повторно се реши да се „нацрта“, но само да ја надополни приказната со првата љубов –мачката Мики.

ФОТО:МАРТИН ФИЛИПОВСКИ/ИНСТАГРАМ

Дека браќата од популарното музичко дуо се големи љубители на животните сме пишувале неколкупати.

Тие најпрвин ја вдомија, мачката Мики, од пред извесен период во домот чуваат уште две кучиња, од кои црната крзнена убавица која го носи името Блеки, е најверната другарка на Мартин.

ФОТО:МАРТИН ФИЛИПОВСКИ/ИНСТАГРАМ

И додека повеќето од оние кои се одлучуваат да чуваат куче, купуваат некоја скапа раса, во случајот на Мартин, односно приказната за Блеки е сосема поинаква.

Тој на својот Инстаграм профил редовно објавува нови фотографии со својата Блеки која ја има најдено како бездомна, повредена и беспомошна.

Поради неговиот гест да ја спаси и вдоми , денес таа е среќно куче кое има сопственик за пример.

Дека Блеки му влезе под кожа е доказ и неговата тетоважа на левата рака, каде во фокусот е токму таа, но место до неа сега има и Мики.