„ТОА ЌЕ БИДЕ НАЈУБАВОТО ДЕТЕ НА СВЕТОТ“ Познатата пејачка трудна

ИЗВОРНов Лист
|

Иако многумина на шега велат дека Ријана, позната пејачка од Барбадос, е бремена веќе шест години, се чини дека тоа сега би можело да биде вистина.

Светските медиуми со години барем еднаш месечно пишуваа дека Ријана е бремена, но сега се шпекулира дека тоа не е само озборување и дека една од најуспешните жени на планетата навистина ќе стане мајка во 2022 година!

Според MTO News, Ријана не можела да го сокрие стомакот за време на престојот во родниот Барбадос, каде пред два дена беше прогласена за национална хероина. На фотографиите од свечената церемонија јасно се гледа поголем и заоблен стомак, а овој портал додава дека нејзината трудничка фигура била уште поочигледна бидејќи пејачката влегла во авионот во пократка маица.

Ријана е бремена, тоа е очигледно, многу сум среќен поради неа – изјави за MTO News извор близок до ѕвездата.

Ријана во последните неколку дена беше во својата татковина бидејќи премиерката Миа Мотли ја прогласи за национална хероина на Барбадос.

„Продолжи да сјаеш како дијамант и да бидеш гордост на својот народ со своите дела“, ѝ рекла Мотли.

Пејачката постојано зборуваше за нејзиниот копнеж да стане мајка.

– Ќе имам деца – три или четири – изјавила во една прилика, а не ја исклучила можноста да ја исполни улогата на самохрана мајка доколку не го најде вистинскиот партнер.

Иако гласините за бременоста на Ријана се чести со години, тие се слушаат на секои неколку дена од септември. Пејачката веќе извесно време е во хармонична врска со раперот АСАП Роки, кој конечно ги потврди повеќемесечните шпекулации во мај оваа година.

Првото озборување за врската помеѓу Ријана и АСАП Роки, чие вистинско име е Раким Мајерс, започна во 2013 година, кога заедно се појавија во видео, а тој ја придружуваше на светската турнеја, а потоа со години се појавуваа заедно.

Сепак, на крајот на минатата година тие станаа неразделни, а Роки ги помина божиќните празници на Барбадос, со семејството и пријателите на Ријана.

Со оглед на огромната база на обожаватели што ја имаат и двајцата и вниманието што го привлекуваат со својот изглед, на социјалните мрежи кружат коментари дека ќе се роди следната година – најубавото дете на светот.