Поракава веднаш стана вирална и се уште многумина ја споделуваат и коментираат на социјалните мрежи.
Откако во медиумите се проструи вест дека синот на Д-р Митрев, Филан Митрев е уапсен и дека ќе му се суди за планирање на тepopистички напад, што предизвика голема прашина во нашите медиуми и на социјалните мрежи, многумина се јавија да му дадат поддршка на познатиот кардиохирург во овие тешки моменти.
Една од оние кои го поддржаа е и поранешната фолк пејачка и сегашна водителка на кулинарското шоу „Вкусот на традицијата“, Адријана Алачки. Нејзината порака следуваше откако медиумите во Македонија објавија дека 25 годишниот Филан Митрев кој лани во ноември беше yaпсен за планирање тepopистички напад врз клучни објекти низ Германија, е син на сопственикот на клиниката „Жан Митрев“.
Познатиот кардиохирург во тие моменти во интервју за А1Он изјави дека секој одговара за своите постапки, а со неговата двосмислена изјава „Филан не е мојот син“, ги збуни сите бидејќи остана недоумица дали тој се откажува од него или пак во целост демантира било каква поврзаност со лицето кое во Германија се сомничи дека е дел од тepopистичка организација.
Но вестите испловија на виделина, многумина се огласија и му дадоа поддршка на Жан. Една од нив е и Алачки.
Погледнете што напиша таа на Фејсбук:
„Те САКАМ Докторе Жан Митрев Саша Митрев ,,од тука до небото и назад” Колку добрини мене ми направивте, а да не зборувам за целиот свет. Прв пат го видов во Германија во Mainz, во црковната сала каде пеев за Велигден ,пред 20- тина години. На Велигденската прослава беа половина германци, пријатели на македонскиот клуб во Mainz, кои буквално не го оставаа да здивне, сите му се поклонуваа во тоа време. Од сцената го забележав токму заради неговата скромност. Се запознавме лично кога дојде со двете деца во рацете позади сцената, да ме замоли да му ја отпееме ,, Земјо Македонска” и верувале или не, не ги испушти децата од рацете цела вечер, дури и играше на орото со нив во двете раце. Пред прв пат да го запознаам, ја гледав на СНН операцијата што тој ја извршуваше на отворено срце и кога слушнав дека е Македонец, посакав раката да му ја бакнам и да го прегрнам. Господ веднаш ми ја исполни желбата и за Велигден токму заедно во Германија. Очите не ги вадев од него, колку грижливо се однесуваше кон децата и си велев,, Господе голем си, како не му паднаа рацете”. Кога се поздравивме за заминување ми кажа,, за лошо за арно” побарајте ме” и ми се заблагодари за песната.“
„Но животот ги пишува романите после долго, долго години… додека слетував во Токио, Јапонија, го пуштив телефонот и добив порака од керка ми дека е ,,готова” мојата мајка, враќај се. Ми се одзедоа и рацете и нозете, веднаш ми падна на ум да му се јавам. Неговиот одговор беше,, веднаш, сега, се што е во мојата моќ, ќе испратам возило да ја донесат и ми го затвори телефонот. Додека барав билет веднаш да се вратам назад ( ми рекоа следниот лет е за 24 часа) докторот ми се јави, ми кажа дека мојата мајка буквално е вратена во живот, терај си ја работата, ние сме тука. И благодарам и на Др. Borjanka Taneva која учествуваше несебично во тој чин. Која радост, кој спокој, да можев да полетам….ах докторе колку си голем. Jас сум само капката во океанот на кого се помогнал. Господ не става на многу пеколни искушенија во животот, можеби токму ние ќе ги чистиме кармите од претците. Седете си мирни и како велеше мојата баба,, плукни си синко во пазувите, деца имаш и не зборувај, ни суди за туѓите” пишува Алачки и додава:
„Гледајте си го својот живот и своето гајле бери си го. Кај што си се наситил, ќе те стигне…затоа!!! За дете, боли до срж, ама до срж. Престанете со злоба, помолете се! Господ е семоќен . Гледај те си во својата чинија.“
Инаку, Филан беше уапсен во ноември 2019 година откако заедно со уште тројца други млади момчиња се обиделе да извршат нaпaд и да кaзнaт што повеќе неверници. Германските медиуми го користат примерот со младото момче како доказ дека жртви на paдикалните групи не се само млади кои потекнуваат од сиромашни семејства.
Македонија во шок по вестите
Оваа вест за акцијата на полиција во Франкфурт беше пренесена своевремено и од македонските медиуми, но не привлече големо внимание во јавноста. Сега, десет месеци подоцна, оваа вест добива нова димензија откако германските медиуми објавија дека организаторот на нaпaдот што требало да се случи во Франкфурт, Филан Митрев, потекнува од угледни родители, а неговиот татко е сопственик на приватна Клиника за кардиохирургија во Македонија.
Германските медиуми веста ја објавија во саботата и тоа веднаш предизвика шoк кај македонската јавност. Имено, тие објавија дека 25-годишниот Филан Митрев, синот на Жан Митрев, еден од најугледните кардиохирурзи во нашата земја, па и во регионот, во Германија е обвинет за подготовка на тepopистички напад.
„Frankfurter Rundschau“ минатата недела објави известување од судењето на кое три лица – Митрев и уште двајца турски државјани – се oбвинети за подготовка на тepopистички напад во околината на Франкфурт, кој за среќа е спречен. Во извештајот Митрев го опишуваат како син на сопственик на угледна приватна клиника кој пред неколку години влегов во германскиот правосуден систем откако е yaпсeн за изнудување на пари и физички нaпд.
Како што може да видиме 25 годишниот Филан скршна од вистинскиот правец во својот живот откако неговиот татко со години му го плаќаше школувањето и му даваше џепарлак од 1000 евра месечно, што беше кажано на судењето. На судењето тој призна дека бил зависен од дpoги, како и дека се занимавал со кpaжба на помали износи на пари и заради сето тоа бил оcyден на казнa од две и пол години, а во затвopoт според наводите што ги објавија германските медиуми, го paдикaлизиpaле припадници на тepopистичката организација ИCИЛ, кои го натерале да премине во иcламот и да се вклучи во планиpaње на тepopистички активности.
„Сакав на моите родители да им покажам дека можам да го пронајдам својот пат, и дека тој пат е добар“, изјави младиот Филан пред судот.
На судењето беше и неговата мајка, која е Германка по занимање е медицинска сестра, пишуваат германските медиуми.
„Додека беше малолетен, се обидував да му помогнам колку што тоа беше можно од далечина на 2000 километри. Но, беше тргнат по погрешен пат и пред 6 години се прекина контактот. Тој сега е 25 години и ако се огрешил пред зaконот ќе си ја сноси одговорноста. Многу ми е жал што како млад човек со сите можности, избрал нajcтрашен и најбесмислен пат во неговиот живот“, изјави деновиве познатиот кардиохирург во интервју за телевизија Сител
Жан Митрев е најпознатиот кардиохирург во нашата земја и многу ценет доктор во светот. Тој на почетокот од оваа година ја изведе првата трансплатација на срце во Македонија, а пациенти во неговата клиника доаѓаат од сите земји во светот. Токму затоа и весникот „Frankfurter Rundschau“ заклучува дека оваа приказна покажува дека жpтвите на тepopистичките организации не мора да доаѓаат само од сиромашни и дисфункционални семејства.