Тој е присутен 18 години во животот на Цеца – Овој човек и е верен на пејачката, а се околу него е обвиено во тајна

ИЗВОРНов Лист
|

Тие се најголемата поддршка на Цеца во сите животни ситуации.

Светлана Цеца Ражнатовиќ и Богдан Срејовиќ решија да раскинат на мир по нешто повеќе од една година љубов. Тие издадоа соопштение со кое ја изненадија јавноста, а сите знаеме дека животот на пејачката отсекогаш привлекувал големо внимание. Во секоја ситуација со Цеца е нејзината сестра Лидија, нејзината поддршка.

Лидија е во брак со Предраг Оцокољиќ 18 години, имаат четири деца, а освен што е верен сопруг и грижлив татко,  цело време е и верен зет. Предраг беше со Цеца секогаш кога требаше да ја замени машката фигура, која и недостасуваше во животот со загубата на сопругот.

Лидија и Предраг се уште уживаат во хармоничен брак, секогаш се тука за Цеца и нејзиното семејство, но не сакаат да се експонираат во јавноста. Тие решиле на тој начин да ја зачуваат приватноста на семејството, која ја почитуваат и денес.