Тој е прогласен за најубав маж на Евросонг (ФОТО)

|

За најзгоден маж на годинешниот Евросонг е прогласен Швајцарецот Лука Хани , кој работел како ѕидар , а сега ја претставува својата земја во Тел Авив.

Шармантниот 24- годишен Лука Хани е прогласен за најсе*си маж на Евросонг, и на изненадување и на Швајцарците одлично котира и на обложувалниците. Тој е голема музичка ѕвезда во Швајцарија.

Роден е во Берн , а од мал свирел на клавир и на гитара. Но , се запишал во средно ѕидарско училиште, а да не се пријавел на популарниот музички шоу во Германија, ќе продолжел да работи како ѕидар.

Неговиот талент го препознала публиката и жирито на музичкото шоу „Германија бара талент”, така што победил на само 17 години и заработил 500 000 евра , кои ги употребил за развојот на својата музичка кариера.

Извесен период живеел и во Лос Анџелес , каде го продуцирал својот четврт албум , а освен музичката кариера , често работи и како манекен.