Тој има 100 години, а таа наполнила 103 години: Неодамна се венчале и сакаат максимално да уживаат во животот

|

Новопечените младенци Џон и Филис Кук се венчале во еден старечки дом во Охајо.

Но, тоа и не би било толку необично доколку Џон не e ветеран од Втората светска војна кој пред некој ден наполнил 100 години, а Филис е три години постара од него – таа на 8-ми август наполнила 103 години. 

Минатата недела тие одлучиле да се венчаат и самостојно заминале до општината по дозвола.

“Не планиравме да се венчаме во дом, но од општината нѝ ја предложија таа идеја. Реков: Добро, ајде да завршиме со тоа”, раскажал Џон за “CNN”.

Меѓутоа, тоа не било изненадна одлука – парот се забавувал една година пред да застане на “лудиот камен”.

“Искрено да ви кажам, ние се заљубивме еден во друг. Знам дека мислите дека тоа е малку несоодветно за некој на наша возраст, но ние едноставно се заљубивме”, изјавила Филис.

И Џон и Филис претходно биле два пати во брак, а својата трета среќа во љубовта ја пронашле еден со друг.

“Компатибилни сме на многу начини и многу уживаме во заедничкото друштво”, вели Џон.

Деновите ги поминуваат уживајќи во оброците, седејќи на сонце и возејќи се со мобилни скутери. Исто така, сакаат секој да има свој мир.

“Секој има свој стан – тој е горе, јас сум во станот под него”, рекла Филис.

Парот планира да ужива и да поминува што повеќе време заедно.