“Тој ми е сопруг, а не татко”, студентка се омажи за 34 години постар маж, а причината за тоа ќе ве зачуди

ИЗВОРСкопје24
|

Студентката Кортни 25 неодамна се омажи за Вен Торнтон и со тоа стана “баба” на три внучиња, Сејди, Џуд и Пруденс. Иако разликата во години е дури 34 години, Кортни вели дека со Вен во кревет е “многу жешко”.

„ Сè функционира и супер ни е како и на другите парови”, објаснила таа за The Sun. Иако многу луѓе тврдат дека со Вен е само поради пари, Кортни признава дека поголемите проблеми се другите жени.

“Бевме во супермаркет и самохрана мајка започна да му зборува, бидејќи сметаше дека е навистина убаво што Вен се дружи со својата ќерка”, објаснува таа.

Кортни и Вен живеат во истиот град во Џорџија, а заедно се од 2016 година.

“Живееме во мал град, па го знаев отсекогаш. Беше професор, но никогаш не ми предаваше. Пред неколку години мојата тетка се пријави на натпревар за Мис, а тој пушташе музика таму. Тој е “фаца” во нашата заедница”, објаснува.

Кога во 2016 година почнала да се занимава со музика, знаела на кој да му се обрати. Станале пријатели и имаат слична смисла за хумор.
“Понекогаш заедно ќе одевме на вечера. Го прашував што мисли за тоа нашата врска да се движи во нагорна линија, а тој ме праша дали знам колку години има. Му реков дека тоа воопшто не е важно и дека ме привлекува. Ми се допаѓа неговиот шарм и личност”, рекла Кортни.

Тие направиле венчавка пред 20 луѓе во Џорџија во јули 2016 година, а на венчавката присуствувале и нејзините родители, а како што вели Кортни биле многу среќни. Нејзините пријатели исто така ја поддржуваат, но семејството на Вен баш и не е воодушевено со овој брак.