Љубовта делува на мистериозен начин. 20-годишната манекенка Сара Руси, вели дека не е во врска со многу постар маж од неа, но и понизок затоа што е богат и ѝ плаќа многу работи.
Сара тврди дека веднаш почувствувала поврзаност со него поради неговата атрактивна личност и дека таа нема никаков проблем со неговиот изглед и висина која изнесува 147 цантиметри.
Овој среќен, заљубен пар тврди дека им требало многу време за да се навикнат на туѓите погледи кога тие се појавуваат во јавноста.
Working with @sigmodels! pic.twitter.com/fv3SZlfjcS
— Sarah Russi (@SarahRussi) May 14, 2019
Сè започнало преку допишување на Фејсбук, а после тоа Мејсон и Сара се запознале во живо.
Набрзо почнале да се забавуваат, а сега се заедно 7 месеци.
Двајцата веруваат дека заедничките интереси и забавни разговори помогнале во нивното брзо поврзување.
„Кога ќе запознаете некој и со него разговарате три часа без некаков напор или прекин, непријатни моменти или паузи, тоа е невообичаено, а мислам дека и таа го почувствува истото“ – објаснува Мејсон.
А со него се согласува и Сара.
И покрај тоа што овој пар мисли дека се совршени еден за друг, сепак во текот на нивната врска тие поминуваат преку грубите коментари од луѓето.