“Толку сум убава што животот ми стана пекол – сите ми љубоморат”

ИЗВОРСкопје24
|

25-годишната Дана Адива има еден многу необичен проблем – односно проблем кој многумина би сакале да го имаат.

Наводно Дана учествувала во MTV шоуто “True Life: I’m too beautiful” во кое изјавила дека нејзината убавина ѝ го претворила животот во вистински пекол, пишува Quemas. Таа изјавила дека поради убавината морала да се отпише од училиште бидејќи ја злоупотребувале, а имала и напади на паника.

“Луѓето постојано “зјапаат” во мене и тоа страшно ме нервира. Секој ден сум несреќна поради зависта која ја чувствувам од другите и поради нивната љубомора”, изјавила Дана.

Додала дека отсекогаш имала проблеми и со сестра си која исто така била љубоморна на неа. “Поради мојата убавина таа секогаш беше во мојата сенка.”

Сепак, открила дека постојат и неколку предности во сето ова. “Не морам да бидам паметна бидејќи сум убава. И не мислам дека некое момче некогаш би ме оставило”, изјавила.