Том Хенкс се „преполовил“ и сите се загрижени – Поради ова видео се шпекулира дека омилениот актер има здравствени проблеми (ВИДЕО)

ИЗВОРНов Лист
|

Еден од омилените холивудски актери, Том Хенкс, ги загрижи сите кога беше фотографиран на прошетка во Њујорк. Актерот има 65 години, а според сликите изгледа како да се „преполовил“.

Ова не е првпат јавноста да биде загрижена за оскаровецот кој не воодушеви со неговите улоги во филмовите „Филаделфија“, „Форест Гамп“, „Кодот на Да Винчи“, „Терминал“ и многу други. Том Хенкс има дијабетес тип 2, за кој вели дека го добил затоа што бил „будала“.

„Бев целосен идиот, бев мрзелив и јадев погрешни работи“, рекол Хенкс во 2013 година.

Хенкс не бегаше од физичките трансформации, па ослабе 25 килограми за улогата во филмот „Castaway“, додека мораше да се здебели 15 килограми за да ја постигне целта во „A League of their own“.

На почетокот на јуни се појави видео во кое Хенкс ја поздравува публиката на премиерата на филмот „Елвис“. Додека држел говор, раката на актерот му се тресела, поради што многумина се загрижени, но тој се уште ја крие од јавноста. Погледнете го видеото кое го прикажува тој момент.