Популарните јунаци од нашето детство, мачорот Том и глувчето Џери, оваа недела прославуваат 80 години постоење. Приказната за мачорот и глушецот кои живеат во иста куќа и постојано се во бркотници е измислена од филмската продукциска куќа МГМ. Автори на овој цртан филм се Бил Хана и Џо Барбера.
Првата епизода од омилениот цртан филм е објавена во 1940 година. Овој цртан филм беше толку успешен што доби номинација за Оскар за најдобар кус анимиран филм на студиото.
Во 1957 година откако МГМ го затвори студиото за цртани филмови, Хана и Барбера покренаа сопствена продукциска команија. Нивната продукција била преместена во Прага, Чешка.
Правата за прикажување на цртаните филмови „Том и Џери“ денес ги поседува компанијата Ворнер Брос. Пред католичкиот Божиќ оваа 2020 година се планира нов филм.