Американскиот актер Том Круз во четвртокот го претстави долгоочекуваното продолжение на филмот „Топ Ган“ во Лас Вегас со снимена изложба, балансирајќи на крилото на авион.
Новиот „Топ Ган“, кој ја раскажува приказната на Маверик и неговите пријатели околу три децении по оригиналниот блокбастер, требаше да биде претставен во 2020 година, но тој постојано беше одложуван.
Круз, познат по изведувањето на многу акробации, за филмот претстави видео од Јужна Африка на кое е прикажан на крилото на авион. “Здраво на сите. Посакувам да бидам таму со вас. Жал ми е за дополнителната бучава“, извикува 59-годишниот Круз поради бучавата од моторот на авионот и силните ветрови.
„Том прави сè со полна брзина цело време… и не можете да го спречите. Тој ќе го направи тоа без разлика на се“, се пошегува продуцентот Џери Брукхајмер на конвенцијата на филмската индустрија CinemaCon во Лас Вегас каде што беше претставен филмот.
Иако деталите за филмот се непознати, „Top Gun: Maverick“ веднаш наиде на пофалби на социјалните мрежи од новинарите кои присуствуваа на презентацијата.