ТОМ ТЕЈЛОР – Колекција Есен/Зима 2019

|

Хамбург/Берлин, август, 2019 година – Хамбуршкиот моден бренд ТОМ ТЕЈЛОР лансираше нова колекција Есен/Зима 2019 со ретро – класична нота. Модните парчиња со “винтиџ“ стил, инспирирани од модни елементи и силуети од 1970 година, потсетуваат на минатото и будат носталгија. Колекцијата прикажува возбудлив контраст – современи технолошки трендови во комбинација со новата поврзаност со природата. Модната колекција преку функционалните ткаенини, впечатливите бои и техничките детали, е резултат на инспирацијата од зимските спортови на отворено, овозможувајќи студена сезона со стил. Женствениот дизајн и романтичните карирани дезени се главна одлика на Том Тејлор модните парчиња за жени, додека модните парчиња наменети за мажи, се инспирирани од американскиот “берберски“ стил. Колекцијата Есен/Зима 2019 од модниот бренд Том Тејлор нè носи на патување низ минатото. Класичниот дизајн и висококвалитетните материјали, од волна до тексас, го дефинираат карактерот на колекцијата, а клучно модно парче во неа се панталоните со различни кроеви. Модните парчиња за претстојната сезона се шик, а воедно елегантни и префинети. Спортските елементи создаваат стилски акценти кои нè придружуваат низ најстудените денови од годината. ТОМ ТЕЈЛОР ЗА ЖЕНИ | Во модните парчиња од најновата колекција Есен/Зима 2019 на Том Тејлор доминира инспирацијата од осумдесеттите години, а модерните “оutdoor“ стилови се вистинско освежување во најновата женска колекција. Есента започнува со мек, женствен изглед, неверојатни силуети и симпатични детали. Романтичните цвеќиња и карираните дезени кои пристигнуваат во нови комбинации на бои даваат акцент на лелеавите “макси“ фустани изработени од шифон. Растегливите делови околу половината ја нагласуваат фигурата и создаваат врвен изглед, а разиграните детали и чипката на јаката го комплетираат изгледот. Меките нијанси од виолетова до морнарско сина потсетуваат на зимското зајдисонце и совршено се комбинираат со темно розева, бургунди црвена и свежо зелена боја. Најновата колекција вклучува и панталони со широки ногавици и карирани дезени во кафени и сини нијанси. Тие идеално се комбинираат со сако со дворедно закопчување кое има тенка крагња во иста боја како и сакото. За ретро изглед, панталоните може да се носат заедно со кратка карирана волнена или пак, софистицирана “букле“ јакна. Модерните и елегантни индиго фармерки со детали во пределот на ременот се централен елементи. Додека пак, плетениот џемпер со чипкасти елементи или графичко ткаење и романтичната шарена блуза го надополнуваат изгледот. Мекиот снежно бел поларен дел од впечатливата јакна создава пријатно чувство и го комплетира изгледот. Зимската колекција е инспирирана од зголеменото време поминато во природа. Топлата облека која заштитува во студените денови е модно парче кое е задолжително за сезоната. Стилскиот фокус е на функционалност и удобност, преку парчиња облека со широк спектар на живи бои. Плетениот џемпер – ролка и соодветните додатоци со модни детали инспирирани од норвешкиот стил совршено се комбинираат со “парка“ јакни во бела или црвена боја, кои штитат од студеното време. ТОМ ТЕЈЛОР КОЛЕКЦИЈА ЗА МАЖИ | Колекцијата Том Тејлор за мажи започнува со навраќање во минатото во Њујорк, во берберница од шеесеттите и седумдесеттите години. Грубата кожа и цврстиот тексас го пренесуваат автентичниот и типичниот американски стил на живот. Тесните фармерки во темна индиго или црна боја во комбинација со тексас јакна во сива или сина боја создаваат совршен класичен “деним“ тандем. За опуштен изглед, тексас јакните одлично се комбинираат со сиви и сини фармерки. Модниот додаток со разнобоен конец додава декоративен ефект на половината. Карирани кошули, маички и ситно плетени џемпери во шарени и впечатливи нијанси му даваат живост на стилскиот моден израз. “Слим фит“ – карираните јакни или ретро елеците создаваат уникатно “винтиџ“ чувство и се клучни за постигнување драматичен берберски имиџ.

Кај колекцијата за мажи од Том Тејлор, исто така се истакнува трендот на активности на отворено, бришејќи ги границите помеѓу функционалната гардероба и модерниот секојдневен стил на облекување. Техничките детали од функционалната гардероба се основа на овој изглед давајќи спортски примеси преку ситно плетените џемпери со качулки. Класичните парчиња, како светло портокаловите ролки – џемпери, го освежуваат и комплетираат спортскиот стајлинг, а снежно белите поларни дуксери со шари или пак плетените џемпери со норвешки дезен дополнително го разубавуваат изгледот. Колекцијата Есен/Зима 2019 од ТОМ ТЕЈЛОР е достапна од јули 2019 година, а сите заинтересирани може да го одберат своето омилено модно парче во продавниците на ТОМ ТЕЈЛОР и на страницата за онлајн купување www.tom-tailor.de.

Контакт за медиуми за Том Тејлор за Југоисточна Европа Даша Перко Маркетинг Менаџер, Том Тејлор, Југоисточна Европа “TOM TAILOR Lesce d.o.o“. Телефон: (+386 0)40 191 225 е-пошта: dasa.perko@tom-tailor.com ЗА ТОМ ТЕЈЛОР ГРУП Како интернационална модна компанија која се занимава со малопродажба, ТОМ ТЕЈЛОР ГРУП се концентрира на секојдневни модни парчиња. Компанијата се позиционира во рамки на средната ценовна класа. Нејзиното продуктно портфолио е надополнето со широк асортиман на модни додатоци. Компанијата ги опфаќа различните клучни сегменти на модниот пазар. Брендот ТОМ ТЕЈЛОР е управуван преку сегменти на малопродажба и продажба на големо во рамки на сопствените продавници, како и кај продажните партнери. Со достапност во повеќе од 35 земји, ТОМ ТЕЈЛОР модните парчиња можете да ги купите во вкупно 457 ТОМ ТЕЈЛОР продавница и 187 франшизни продавници, 2.524 продажни места во рамки на постоечки продавници и околу 6.892 продажни места каде брендот се нуди заедно со различни трговски марки.

Повеќе информации погледнете на www.tom-tailor-group.com