Вчера се наврши една година откако музичката ѕвезда Оливер Драгоевиќ ги напушти овој свет, па неговите пријатели и колеги споделија емотивни пораки на социјалните мрежи.
Еден од нив беше неговиот голем пријател, пејачот Тони Цетински кој напиша: „Драг мој морски волку
Ништо нема да биде исто по твоето заминување драг наш Оливер. Твојот глас ќе се слуша како гласична музика и за 300 години !!!
Сите твои шеги и глупости на кои се смеевме како деца се моменти кои никогаш нема да ги заборавам. Морам да ти признам дека те сакав и те сакам како да си ми татко. Од тебе најмногу научив, бидејќи од тебе најмногу добив. Ти им се даваше на луѓето и на пријателите и не се штедеше во тоа. Во тој факт лежи уште една од тајните на твојата успешна работа и твоето постоење.
Отсекогаш си бил доказ дека не е доволно само да се биде врвен уметник туку и ЧОВЕК и поради тоа големо БЛАГОДАРАМ. Голема среќа е и гордост што живеев и го запознав животот познавајќи те тебе. Длабока болка во градите и голема празнина во мислите има сега во мене. Песните кои ни ги остави сега се единствена утеха.“ – стои во статусит ба Тони Цетински.
DRAGI MOJ MORSKI VUČENišta više neće biti isto nakon tvog odlaska dragi naš Oliver. Tvoj će se glas slušati kao…
Gepostet von Toni Cetinski am Montag, 29. Juli 2019
Сопругата на Оливер Драгоевиќ уште не може да го прифати неговото заминување: „Не можам да гледам видеа каде што збоорува, плачам и тагувам!“
Вдовицата на музичкиот великан Оливер Драгојевиќ била поканета на премиерата на документарниот филм „ОЛИВЕРовите 70“, кој премиерно бил прикажан на затворањето на Пулскиот филмски фестивал, но таа немала сила да присуствува.
За Слободна Далмација вели дека се уште и е тешко кога ќе се сети на сопругот со кој поминала речиси 50 години во брак и имаат три сина.
„Видов претходно неколку секунди од филмот и се откажав. Едноставно не можев. Можам да ги гледам неговите фотографии, стари спотови, се останато, но кога тој говори нешто приватно, нема шанси, не можам. Не знам кога ќе го погледнам филмот. Го имаме дома, но никој не го гледал. Се работи за последниот концерт, тој веќе беше болен, што никој од нас не знаеше. Како да знаел што ќе му се случи, како да чувствувал нешто, но ништо не ни кажуваше“, изјавилз вдовицата на Оливер, Весна.
Инаку вчера на навршувањето на годишнината од неговото заминување, се одржа концерт во негова чест „Trag u beskraju“ во неговото место на Корчула, каде е и погребан.
Весна вели дека на општината, која е организатор, им дала одврзани раце.