Знаеме дека актерот Тони Михајловски е пријател на Тамара Тодевска, па така и тој не ја испушти приликата да се огласи по повод нејзиниот настап на Евровизија и на својот фејсбул профил напиша:
„Талентот е неспорен и огромен, и само идиот може да го негира. Се радувам на успехот на секој уметник, човек, а посебно на оние кои лично ги познавам. Па дури и ако не припаѓаме на ист народ, како што е во случајов.“
Инаку и речиси целата српска естрада и честиташе на нашата Тамара, меѓу кои и познатиот српски пејач Жељко Јоксимовиќ кој ја поддржа нашата претставничка Тамара на вчерашниот Евросонг, нарекувајќи ја победник.
Тој вчера на својот Твитер профил напиша: „Време е да се преиспита начинот на гласање на Евровозија. За мене, вечерва Тамара победи“.
Ѕвездите од Балканот ја изразија сета поддршка за нашата претставничка, со свои објави ја поддржаа и му порачаа на својот народ да го даде гласот токму за неа:
Жељко Јоксимовиќ кој има голема евровисика позадина како претставник, но и како композитор на некои од српските евровизиски песни за Тамара напиша:
-За мене ти си победничка Тамара Тодевска- порачува Јоксимовиќ.
Фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ исто така се приклучи на честитките и кратко напиша:
-Браво Тамара Тодевска!
И Марија Шерифовиќ не заобиколи да нагласи дека Тодевска и Македонија беа гордоста на вечерта.
-Напред девојки, пишува во објавата на Марија, која исто така ја повика Србија да гласа за својот сосед.
Карлеуша уште на втортата полуфинална вечер ја прогласи Тамара за победничка, а не заборави да ја потсети својата нација за кого да го даде својот глас.