Топ 3 летни дестинации за незаборавен одмор

ИЗВОРСкопје24
|

Се ближи почетокот на сезоната на летни одмори, деновите кои ги чекаме и за кои мечтаеме цела година. За некого таа фантазија е опуштање на плажа со добра книга, за некого тоа е градење песочни замоци со децата или патување на нови дестинации, додека пак за други тоа е лудување во друштво на пријателите заедно со добри коктели. Како и да е, мора да признаеме дека изборот на дестинации за одмор е една од најважните и најтешките одлуки кои мораме да ги донесеме. Ако сѐ уште немаш испланирано каде ќе одиш, не грижи се. Грабни ги кремот за сончање и очилата бидејќи ние ти подготвивме листа на најактуелните и најпосакуваните дестинации за летен одмор оваа сезона.

Крит, Грција


Познато како родното место на кралот на олимписките богови и на модерната европска цивилизација, Крит е вистински дијамант на Медитеранот. Остров богат со археолошка и митолошка историја, која можеш со денови да ја разгледуваш и да и се воодушевуваш, истовремено уживајќи во шармантната атмосфера на Старото венециско пристаниште и тврдините и манастирите на Ретимно. Малиа, како најактуелен регион на Крит, е совршен спој на древна убавина, прекрасна плажа и незаборавна забава, привлекувајќи бројни музички имиња, што го прави идеален избор за летен одмор за млади луѓе.

Сардинија, Италија


Ова прекрасно место е едно од најпосакуваните дестинации за патување во светот. Тука можеш да го искусиш сè она по кое е позната Италија, од одлична храна и архитектура, до идеална клима и гостопримливи и насмеани локални жители. Сè тоа сместено во прекрасна природа, плажи кои го одземаат здивот, многу морски пештери, замоци и вили. Mожеш да искусиш одличен ноќен живот и да уживаш во долгите прошетки по тиркизните брегови. Опуштање на плажа и јадење свежи морски плодови, има ли поубав избор за летен одмор од ова?

Св Стефан, Црна Гора


Отсекогаш се знаела магичната убавина на Свети Стефан, која воодушевувала многу познати личности, од Дорис Деј, па се до Бекамови. Островот датира од 15ти век и има прекрасен амбиент, убави дворци, плажа со ситен розевкаст песок и спокоен поглед кон морето. Рачно обновените камени историски објекти со своите оригинални детали му го даваат на островот својот уникатен и извонреден шарм. Познат е по многубројните хотели и ресторани, каде можеш да ги вкусиш најубавите медитерански специјалитети.