Не постои магично или инстант решение како да станете успешен во својата бранша, но многу успешни луѓе делат одредени доблести и карактеристики.
Најчесто тие се однесуваат на начинот како влијаат на останатите. Вие сте успешни или сте на добар пат кон посакуваниот успех доколку ги поседувате следните карактеристики:
Не сте завидливи, ве усреќува успехот на другите
Успешните деловни тимови го должат својот успех на фактот дека нивните најталентирани членови се жртвуваат за туѓиот успех. Успешните тимови се составени од вработени кои меѓусебно си помагаат едни на други.
Парите ги гледате како одговорност, а не како награда
Успешните луѓе не ги гледаат парите како лична награда туку како начин за развивање на бизнис, наградување и развивање на вработените и соработка со заедницата.
Барате нови искуства, не стагнирате
Потрагата по новите предизвици е нешто што ќе ве одржи здрави и среќни и ќе го одржи вашиот личен развој со текот на годините. Спојот на авантуризам, љубопитност и упорност е добитна комбинација.
Чувствувате емпатија и не сте себични
Тешко е да решите било каков проблем ако не се поставите во “чевлите” на другите луѓе. Успехот не е тренд кој е во вечен пораст, станува збор за маѓепсан круг, а емпатијата кон луѓето сигурно ќе помогне во овој случај.
Морате нешто да си докажете на себеси
Додека многумина често посакуваат да им докажат некои работи на останатите, успешните луѓе чувствуваат внатрешен порив нешто да си докажат на себеси.