Топчиња со кафе и бело чоколадо – Бомбици за празниците

ИЗВОРНов Лист
|

Направете вкусни бомбици со кафе и бело чоколадо.

СОСТОЈКИ:

1 мала шолја сварено црно кафе; 250 гр. мелени бисквити; 250 гр. кокос; 250 гр. шеќер; 200 гр. бело чоколадо; 100 гр. црно чоколадо и 5 лажици масло

ПОДГОТОВКА: Се ставаат во сад мелените бисквити со кокос и шеќер и се додава мала шолја сварено кафе. Се меси тесто, се прават топчиња и се оставаат да се стврднат, па се ставаат во бело чоколадо кое ќе го растопите со масло, а горе се шараат со темно чоколадо или обратно. Се ладат и служат.

Во продолжение евтин десерт за празниците: Брзи обланди со многу ореви

Направете вкусни колачиња со обланди.

СОСТОЈКИ:

300 гр. шеќер, 250 гр. маргарин; 2 полни лажици мед; 200 гр. мелени бисквити; 200 гр. мелени ореви и 1 лист обланда

ПОДГОТОВКА: Се става на оган шеќерот да се карамелизира и се внимава да не загори. Се додава сечениот маргарин и мед, па се меша се да се стопи. Се трга и се мешаат мелените ореви и бисквити. Се сече обландата на два еднакви дела, се става смесата на едниот дел и се поклопувa со другиот. Се лади и потоа се сечат штангли.