|
Доколку сеуште се мислите за денешниот ручек, во продолжение ви претставуваме предјадење кое лесно се подготвува а можете да го искомбинирате со месо, салата, пржен зеленчук,помфрит или останати поховани намирници.
СОСТОЈКИ: 200 гр ситно сирење, 2 чешниња лук, 200 гр спанаќ, 2 лажици кисела павлака, сол, бибер, пармезан и презла.
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Спанаќот сварете го кратко во зовриена вода и добро исцедете го. Исецкајте го и измешајте го со сирењето. Додадете ситно сечкан лук, павлака и зачини.На крајот измешајте доволно презла за смесата да биде компактна за полесно да се обликуваат топчиња.
Од смесата направете топчиња со влажни раце и валкајте ги во пармезан. Пред сервирање оставете ги во фрижидер.
Добар апетит!