ТОПЛИТНИОТ БРАН ОВИЕ ДЕНОВИ ЌЕ УСЛОВУВА ТЕМПЕРАТУРИ ПОВИСОКИ ОД ПРОСЕЧНИТЕ ДУРИ ЗА ОКОЛУ 10 СТЕПЕНИ

ИЗВОРНов Лист
|

Изразениот топлотен бран се до крајот на оваа седмица ќе условува температури значително над просекот и истите ќе бидат повисоки од просечните дури за околу 10 степени.

Максималните темпераури ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 42, 43 степени, а УВ ИНДЕКОСТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент помеѓу 9 и 10). Времето ќе биде сончево, повремено со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец и истиот повремено и локално ќе засилува.

Во следните денови ќе биде пристуна и Сахарска прашина и песок, со што и атмосферата ќе биде заматена и ќе има намалена видливост.

И во Скопје и околината во следните денови температурите се очекува да достигнат 40 степени, има услови истата да се искачи и над 40 степени а времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала локална облачност.

Инаку, според најновите анализи со кој располагаме, топлотниот бран ќе се задрши и на почетокот од следната седмица.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.