Топол бран ќе ја зафати Македонија: Пеколни температури од +40 степени, а од среда нова голема промена

ИЗВОРСкопје24
|

Под влијание на топол бран од понеделник следува многу топло време со максимални дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30, а во вторник и во среда на повеќе места ќе надминат и 35 степени. Од среда до петок, во попладневите часови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.

Прогноза за 01.07.2019
Минимална температура: 10°C до 19°C
Максимална температура: 28°С до 36°C
Сончево со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. УВ=9

Прогноза за 02.07.2019
Минимална температура: 12°C до 21°C
Максимална температура: 31°C до 39°C
Сончево и многу топло. УВ=9

Прогноза за 03.07.2019
Минимална температура: 14°C до 23°C
Максимална температура: 32°C до 40°C
Сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Попладне во северните делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. УВ=9