Топло и сончево утро, попладне дожд

|

Претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд проследен со појава на грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме.

Од УХМР информираат дека минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Во текот на новата работна седмица ќе преовладува променливо време, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина наврнат воден талог), силни електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град.

И во Скопската Котлина ќе има честа појава на нестабилност, а повремено ќе има услови да биде и во форма на невреме. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.