Торнадо преврте куќа на Санторини, нема жртви

|

Силно невреме проследено со ветер го зафати Санторини. Ветрот бил толку силен што кревал и превртувал куќи.

Како што може да се види на видео објавено на Тикток, на тој простор се формирало торнадо, кое разнело цела куќа.

Според сведоци кои ја снимиле неверојатната сцена, куќата била празна и за среќа во овој инцидент нема жртви, пренесува Прототема.