Торта на 5 ката, златни иницијали, огномет: Еве колку моќно изгледаше свадбената торта на свадбата на синот и снаата на Аца

ИЗВОРНов Лист
|

Пејачот Аца Лукас го ожени синот Лазар, а во еден ресторан приредија голема прослава.

Како што самиот кажа, Лукас на свадбата покани тројца свои колеги Саша Матиќ, Цеца Ражнатовиќ и Аца Пејовиќ, кој од оправдани причини не можеше да дојде.

Тортата беше на пет ката, со бели рози, а одозгора беа позлатени иницијали, а младоженецот и младата Ана беа воодушевени.

На прославата дојдоа бројни познати личности, а еден од нив е пејачот Милан Митровиќ, кој атмосферата од прославата ја сними на својот Инстаграм. Лазар во еден момент го грабнал микрофонот и испуштил глас на својата свадба.

Лазар ја отпеа песната на својот татко „Кафана на Балкану“ и ги воодушеви сите присутни.

Да потсетиме, невестата го зела презимето Вуксановиќ и го згазила Лазар според обичаите за да биде „главна во куќата“.