Тоше студирал пеење и бил еден од најдобрите студенти, а свирел и на повеќе инструменти. На само 15 години стекна голема музичка популарност, а иако во тоа време сè уште беше само македонска ѕвезда, набрзо стана популарен во сите земји од поранешна Југославија.
– Како дете сакаше да биде лекар, но подоцна музиката влезе во неговиот живот – изјавил неговиот татко.
Тоше во своето последно интервју откри дека на секој концерт имал свој мал ритуал. Jавно ги поздравувал неговите пријатели, мајка и татко.
– Би сакал малку да се извлечам од се, но не можам. Машината ме стави, како што велат, во ’бубањ’ и готово. Нема враќање назад. Барам ревитализирање од секојдневните интервјуа, од шминкање, од вадење шминка, од пакување. До тука ми е . Сакам, но не можам да одам на вечера или продавница – откри тогаш Тоше.