Тоше жртва на плагијатори: Руска група му ја украде песната „Боже чувај ја од зло“ (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Една од најпопуларните, но и најстарите руски рок групи „Землјане” која постои повеќе од четири децении на руската музичка сцена, ги разгневи почитувачите на ликот и делото на Тоше Проески, откако промовираше плагијат на хитот на Проески, „Боже чувај ја од зло“, а песната ја претстави како своја, авторска.

Насловот на плагијатот на „Землјане“ е „Боже“ и истата ја промовирале на музичкиот канал Јутјуб кон крајот на февруари годинава.

Под линкот со песната е наведен и авторскиот тим, односно под музиката е потпишан Владимир Трушин, а пак, под текстот, кој е само преведен и адаптиран на руски јазик, потпишан е Владимир Киселев, кој бил еден од основачите на бендот во далечната 1978 година.

Фановите на Тоше ширум светот гневни во коментарите пишуваат дека се разочарани од неоригиналноста на групата кои буквално ја „украле“ песната на Тоше, споменувајќи ги неговите извонредни квалитети наспроти нивниот плагијат.

За вакви во светот се водат жестоки судски спорови и се исплаќаат големи парични казни како надоместок на штетата, но останува да видиме како овој случај ќе се заврши со фактот дека авторските права повеќе не се кај пејачот кој за жал не напушти пред речиси 12 години.

За потсетување песната „Боже чувај ја од зло“ се најде на последниот албум на Тоше „Игри без граници“ издаден во 2007 година, само неколку месеци пред неговото заминување.