Тошо од „К-15“ ужива со семејството во Австралија (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Васко Тодоров, популарниот Тошо Малерот од серијалот „К 15“ уште пред неколку години се одлучи на еден голем чекор, ја напушти родната Македонија и се пресели во Австралија, одлука која навистина ги затекна фановите на оваа хумористична емисија. Тој деновиве на социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледа како ужива во Австралија во божиќните празници.

Семејна фотографија објави неговата избраничка Марија Христова со која стапи во брак во 2015 година и сега заедно живеат во Мелбурн. На неа среќниот пар позира со нивната прекрасна ќеркичка.

„Одамна си забранив било какво планирање затоа што секогаш кога сум планирал нешто излегувало обратно! Мислам дека во Македонија да испланираш нешто и тоа да се реализира, спаѓа во научна фантастика! Моето искуство е такво и на сите што ги знам, секоја чест на исклучоците“, изјави Тодоров во едно интервју запрашан дали планира да се врати во Македонија.