Oдекна во медиумите веста за прекинот на врската на Анастасија Ражнатовиќ и Ѓорѓе Куљиќ, пејачката призна дека ја прекинала врската со младиот бизнисмен по пет години, па се посветила на сосема други работи.
Имено, Ражнатовиќ реши напорно да тренира во теретана, се посвети на своето тело, па на сите им покажа една заносна линија.
„Back at it“, напиша Анастасија на Инстаграм.
Да потсетиме, Анастасија и Ѓорѓе живееја заедно неколку месеци, а по пропаѓањето на љубовта сите тргнаа на своја страна и останаа во пријателски односи. Двајцата продолжија да се следат на социјалните мрежи.