Трагедија: Скопјанец почина во Охридското Езеро – ова е причината

|

Скопјанец починал во Охридското Езеро, во селото Поградец, кое е на границата со Охрид. Станува збор за 44-годишен маж. Првичните неофицијални информации се дека доживеал инфаркт. Во моментот течат техничките известувања помеѓу македонското и албанското Министерство за надворешни работи.

Трагичниот настан се случил синоќа околу 18 часот.

Според албанските медиуми, прелиминарниот преглед на телото на жртвата покажал дека не се констатирани траги на насилство.

„Истражната екипа работи на целосно расчистување на околностите и на утврдување на причините за загубата на животот“, соопштија од полицијата во Албанија.