Шест лица се уапсени под сомнение дека синоќа во ресторан во Младеновац, Србија, до смрт го претепале Душан А.(47). Според неофицијални информации на „Блиц“, убиениот Душан во моментот на нападот бил во кафеаната со својот син и кумот, а кавгата со крволочната банда започнала поради музика, поточно зошто тој сакал да порача песна за роденденот на синот.
Нападот се случил околу 23 часот во ресторанот „Панорама“.
Брутално претепаниот маж починал еден час по нападот од удар во главата. Наводно, напаѓачите го претепале со шише.
Убиениот маж во Младеновац е попознат како Дуле Пежо, со оглед на тоа што во тоа место држел автосервис.
Со брзата реакција на полицијата уапсени се шест лица меѓу кои и убиецот на Душан. Полицијата и обвинителството ги истражуваат сите околности за страшниот напад.
Осомничените во полиција биле задржани до 48 часа.