Телото е на обдукција, а институциите засега без детали. Се трага по одговорите – што точно се случило со жената на возраст од 42 години?!
Таа завчера била донесена веќе почината во велешката болница.
Настанот го потврдија од велешката полиција.
Сѐ се случило пред два дена, и од полиција ги чекаат официјалните резултати за причини, пред да изнесат повеќе детали.
„НА 5 ЈУЛИ, ВО 16:30 ЧАСОТ, ОД СТРАНА НА ЈЗУ ОПШТА БОЛНИЦА – ВЕЛЕС Е ПРИЈАВЕНО ДЕКА КАЈ НИВ Е ДОНЕСЕНО ПОЧИНАТО ЛИЦЕ Х.Д. (42 ГОДИНИ), ОД СЕЛО ЈАБОЛЧИШТЕ, ОПШТИНА ЧАШКА. ИСТАТА Е ДОНЕСЕНА НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА НЕВРОХИРУРГИЈА. ПО НАРЕДБА НА ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ, ТЕЛОТО НА ПОЧИНАТАТА Е ДАДЕНО НА ОБДУКЦИЈА. ДОДЕКА НЕ ЗАВРШИ ОБДУКЦИЈАТА, НЕМАМЕ ПОКОНКРЕТНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРИЧИНАТА НА СМРТТА“, ИЗЈАВИ ЗА ТЕЛМА, ОЛИВЕРА ТРАЈКОВА – ПОРТПАРОЛ НА СВР-ВЕЛЕС.
Извори од велешката болница за Телма исто така го потврдуваат настанот и накратко брифираат дека станува збор за пациентка која и претходно била хоспитализирана во болницата.
Имала неколку болести, меѓу кои и срцево заболување по второто породување на 39-годишна возраст.
Сега остануваат резултатите од обдукцијата, за да се дојде до комплетната слика за овој трагичен настан, заведен во билтените на Полиција.