Александар Трајковски, кој го постигна голот за победа над Италија и пласман во финалето на баражот за Светското првенство во фудбал во Катар, изјави дека му било судено тој да даде гол во палермо, каде што помина 4 години од кариерата.
ОЧЕКУВАВ САМО ДА СЕ ЗАВРШАТ ТИЕ 90 МИНУТИ, ДА ОДМОРИМЕ ПА ДА ВИДИМЕ ЗА ПОНАТАКА. НО, КОГА ЈА ВИДОВ ТАА ТОПКА КАКО ДОАЃА, ЕДНОСТАВНО, СО ПОСЛЕДНИ СИЛИ УСПЕАВ ДА ШУТНАМ. ЦЕЛИОТ ФОКУС ГО НАСОЧИВ ВО ТОЈ ШУТ, И ЕДНОСТАВНО, НЕ ЗНАМ, КАКО ДА БЕШЕ СУДЕНО ДЕКА МОРАМ ДА ДАДАМ ГОЛ НА ТОЈ СТАДИОН, КАДЕ ШТО ПОМИНАВ 4 УБАВИ ГОДИНИ. ИЗЛЕЗЕ СЕ КАКО ШТО ТРЕБА И СЕ ИЗРАДУВАВМЕ СИТЕ, РЕЧЕ ТРАЈКОВСКИ.
Во вторник нѐ очекува Португалија на Драгао во Порто, и Трајковски порачува дека фокусот на репрезентативците е веќе насочен на тој историски натпревар.
СЕГА ТРЕБА ДОБРО ДА СЕ ОДМОРИМЕ И ДА СЕ ПОДГОТВИМЕ ДОБРО ЗА СЛЕДНИТО НАТПРЕВАР, ЗАТОА ШТО МИСЛАМ ДЕКА ПОРТУГАЛЦИТЕ ИМААТ ДОСТА ИНДИВИДУАЛЦИ, ИМААТ ОДЛИЧНИ ФУДБАЛЕРИ, ТАКА ШТО МОРАМЕ ДОБРО ДА СЕ ПОДГОТВИМЕ ЗА ТОЈ НАТПРЕВАР И ЕДНОСТАВНО ПОВТОРНО ДА ВЕРУВАМЕ ДЕКА МОЖЕМЕ ДА ИЗЛЕЗЕМЕ НА ТОЈ ТЕРЕН И ДА ПОКАЖЕМЕ ДЕКА МОЖЕМЕ И СО НИВ ДА СЕ НОСИМЕ. ЗНАЕМЕ ДЕКА ЌЕ БИДЕ ТЕШКО, НО ФУДБАЛОТ ПРАВИ ЧУДА, ПОРАЧА ТРАЈКОВСКИ.