Треба да вложите многу труд и упорност за да ја промените ситуацијата како на работа така и во љубовта – Дневен Хороскоп

ИЗВОРНов Лист
|

Овен (21.03 – 20.04)

Во овој ден ве очекува да вложите многу труд и упорност за да ја промените ситуацијата како на работа така и во љубовта. Добро внимавајте вашиот деловен партнер во нешто да не ве изневери. Во љубовта сте прилични нетактични. Можен е зголемен крвен притисок.

Бик (21.04 – 21.05)

Незадоволни сте бидејќи ситуацијата на работното место веќе подолго време не се менува. Ви се препорачува да бидете внимателни и да избегнувате конфликти со надредените. Во љубовта покажувате себичност.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ќе почувствувате налет на страсти каков што долго време не сте почувствувале. Обидете се да го сокриете одушевувањето, бидејќи некој може погрешно да ве разбере. Не сакате премногу да ги откривате мислењата, но бидете свесни дека околината донекаде ги чувствува.

Рак (22.06 – 22.07)

Некој сака да ви наштети на тој начин што долго време ви дава лоши совети. Можете да се потпрете на помошта од блискиот пријател. Можна е љубов со лице кое е далеку. Здравствената ситуација е добра и можете да бидете задоволни.

Лав (23.07 – 22.08)

Преземете одговорност за се што ви се нуди. Подобро е да почекате поповолен момент за било што ново. Се повлекувате во својот свет, го занемарувате партнерот. Проблеми со органите за варење, променете го начинот на исхрана.

Девица (23.08 – 22.09)

Ви се дава шанса за напредување. Со оглед на тоа дека сте исклучително емотивни и дека длабоко го преживувате тоа што ви се случува, не е чудно што ве сметаат за чудна личност. Со причина или не, вашите блиски лица ќе уживаат покрај вас.

Вага (23.09 – 22.10)

Успевате да дојдете до посакуваната цел. Ви се препорачува да започнете приватен бизнис. Потпрете се на вашата најдрага личност. Не навлегувајте во судири, особено кога се работи за љубовта. Можна е вртоглавица и мачнина.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Концентрацијата ви е лоша и можни се грешки кои можат да ви донесат последици. Чувајте се од личности кои ви ласкаат. Партнерот од вас очекува повеќе од она што му давате. Можно е заладување на односите.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Некој ќе се обиде да ја наруши вашата духовна хармонија и да ве налути, но самоконтролата нема да ви побегне од рака. Вие умеете добро да ги контролирате нештата, па ваквите провокации ќе ги сфатите како љубоморен обид на околината да ви наштети. Обидете се да размислувате позитивно.

Јарец (22.12 – 20.01)

Поради лошата концентрација, може да се случи да згрешите во нешто многу важно. Се трудите да се изборите за своето место под сонцето. Љубовниот живот би можел да биде многу возбудлив, особено ако сте во врска со некој кој ве импонира. Здравјето е добро.

Водолија (21.01 – 19.02)

Сакате да промените многу во својот живот. Ако градите кариера, можете да очекувате успех во секој вид на дејност. Ве очекува авантура со воден знак и со некој кој е подеднакво амбициозен како и вие. Омалаксани сте и уморни.

Риби (20.02 – 20.03)

Зафатете се со новите обврски и предизвици, без оглед на тоа што немате доволно искуство. Со парите постапувате несовесно. Прилично сте конзервативни и малку бавни при донесувањето на одлуки.