|
Страшното невреме во Хрватска однесе уште една човечка жртва. Во Черничка Шаговина, недалеку од Нова Градишка, загина 40-годишен маж кога врз неговото комбе паднало дрво откорнато од невреме.
Информацијата за смртта ја потврдија и од полициската управа Брод-Посавина. За жал, за овој човек немаше спас.
И овој регион беше тешко погоден и во материјална смисла, ветерот корнеше дрвја, кршеше гранки, подигна покриви…