Поврно пропадна камион во фонтаната на Плоштадот Макадонија во Скопје. Од утрово, на Плоштадот се поставува бина и шатори за фестивалот на пивото „Пиволенд“ кој го организира Град Скопје. Еден од камионите кој носеше опрема пропадна и фонтаната сега повторно е искршена и оштетена.
Ова е трето возило кое пропаѓа во фонтаната. Претходно пропадна еден камион кој работеше на прославата за ракометарите на Вардар кои станаа европски шампиони. Потоа, пропадна и една машина за чистење.
Останува нејасно што е со заштината ограда која еден период беше поставена за да ја штити оваа фонтана.
Фонтаната чинеше 2,5 милиони евра. И таа е дел од проектот „Скопје 2014“ вреден околу 700 милиони евра.