Повеќе од 150 македонски туристи повеќе од 6 часа се заглавени на скопскиот аердром, зашто компанијата „Онуе ер“ не долетала во Скопје за да ги превезе патниците до Хургада, објави Пресинг ТВ.
Патниците со кои телефонски се разговараше беа изреволитирани и рекоа дека заради малтретирањето размислуваат да поднесат тужби против агнециите.
На скопскиот аердром групата, која е прва тура за Хургада во новата туристичка сезона, дошла околу во 02 часот по полноќ, по што авионот на „Онур ер“ требал да полета за Хургада. Но, авион од тогаш нема.
„Повеќе од 6 часа сме на аеродром. Некои се со деца. Смрзнати сме од климите. Најлошо е што компанијата со која треба да летаме „Онур ер“ ветила дека ќе испрати друг авион, од Анталија, но тој го нема на списокот за полетување“ – вели за Пресинг ТВ Гордана.
Друг патник, од Битола, вели дека преку претставник на неговата агенција дознал дека авио ќе има, но после 10 часот, но и тоа не било сигурно.
„Ни дадоа по една вода и кафе, сендвичи имаше само за околу третина од патниците. Некои се со деца. Особено им е тешко на пушачите затоа што сме на терминал и не можеме да се движиме на други места, ниту да излеземе надвор. Во многу незавидна положба сме“, вели патникот од Битола.
Целиот текст прочитајте го ТУКА.