Јелена Карлеуша вчера прв пат се појави на снимањето на емисијата на „Ѕвездите на Гранд“, по спорната афера каде испливаа експлицитни фотографии. Сеуште под стрес, дошла во студиото во друштво на својот менаџер и одма настанал проблем. Таа бесна му пришла на Саша Поповиќ викајќи:
– Тргнете ја оваа будала од мене. Нема да седам покрај Снежана Ѓуришиќ тоа не е добро за моето ментално здравје.
Саша ја смирувал ситуацијата, а како и сите останати и тој ја имал во предвид целата ситуација со аферата па не и придал премногу значење на нервозата на Јелена, која била очигледно присутна цело време.
Кавгата на Јелена со Снежана започнала за време на снимањето на емисијата кога на една од кандидатките и викала: „Срам да ти е, срам да ти е, засрами се“.
Снежана јавно негодувала: „Зошто Јелена така велиш, девојката нема причина да се срами„. „ Е, срам да ти е“, продолжила Карлеуша.
Поповиќ и тогаш се замешал, но ЈК не му дозволила да изговори ништо во врска со тоа.
– Дали нас ни е лесно, кој ни гледа на нас низ прсти, кој не штити?! Нас не распарчуваат – урлала Карлеуша на цел глас, алудирајќи на медиумските написи во екот на аферата со Врањеша.
Српските медиуми ја побарале и Снежана за коментар, а таа се обидела да одбегне одговор и да одговори на навредите на Карлеуша, но смирено само одговорила:
– Јас би сакала тоа да не го пишувате. Не и е лесно сега, неврозна е сега.
За време на цчерашното снимање Карлеуша нервозата ја смирувала со пиење на бело вино, вртејќи со пенкалото низ рацете со кое си играла исто како дете.
Со фактот дека до снимањето на емисијата таа се криеше од новинарите и фоторепортерите Јелена на снимање дошла гладна и скришно за време на снимањето грицкала помфрит од популарен ланец за брза храна кој го делела со Марија Шерифовиќ, а потоа исто така скришно се засладувала и со пијалок од истиот ресторан.